Ќе се проправи мерната станица за квалитетот на воздухот во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири при денешната работна посета во општина Куманово најави решавање на проблемот со мерната станица за квалитетот на воздухот.

Loading...

Одговарајќи на новинарско прашање Изаири истакна дека е запознаен со проблемот и наскоро истиот ќе биде решен, откако ќе се заврши јавниот повик за набавка на елементи за фунцкионирање на мерните станици.

Размислуваме следната година освен да ги попарвиме тие мерни станици што се стари, да имаме и пософистицирани мерни апарати и ќе ја прошириме мрежата низ целата држава – истакна минитстерот Изаири.

 

Министерот ја пофали и гасификацијата која прилично придонесува во одржување на чистата и здрава животна средина.

Градоначалникот на општина Куманово вели дека е среќа во несреќа што Куманово не е индустриски град како некогаш па загадувањето споредбено со главниот град е на мало ниво.

Од најголем индустриски град, станавме најголем загубар имаме и најмала загеност на воздухот и е среќа во една несреќа економска, но самиот амбиент дава можност и без мерните инструменти да констатираме дека живееме во подобра средина.

Loading...

 

Инаку и минатата сезона, како и оваа Кумановски Муабети потенцираше на овој недостаток, затоа што граѓаните на Куманово немаат податоци за тоа каков воздух дишат во време кога во Република Македедонија загаденоста руши рекорди.