Живот без мерна станица: Кумановчани сè уште не знаат каков воздух дишат

Сподели со своите пријатели

И додека останатите градови се наоѓаат високо на листата најзагадени градови во Европа, а посебно Скопје и Тетово, апаратот за мерење на квалитетот на воздух во Куманово веќе со години не е во функција.

Loading...

За надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање, Куманово не постои на мапата на Република Македонија, затоа што со години не се решава овој проблем и кумановци се оставени неимформирани по оваа прашање кое е од големо значење за нивното здравје.

Информациите кои покажуваат дека Скопје е еден од најзагадените градови во Европа го вклучија алармот улиците соодветно да бидат третирани со цел за 30% да се намали загаденоста на воздухот, Тетово се уште е без план, додека Куманово опстојува со расипана мерна станица која собира прашина во кругот на Општата болница.

Куманово не постои ниту за Управата за хидрометеорлошки работи, од каде многу ретко ќе добиеме некој податок за временската состојба во Куманово.

На што и да се должи фактот што Куманово години наназад не знае каков е квалитетот на воздухот, досега нема објаснување од надлежните дали и кога ќе се стави во повторна функција мерната станица во градот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.