Ќе се отворат ли училиштата за девојчиња во Авганистан?

Сподели со своите пријатели

Авганистанскиот заменик министер за надворешни работи Шер Мохамад Абас Станикзаи ги повика властите во земјата повторно да ги отворат училиштата за девојчиња по шестото одделение, велејќи дека нема валидна причина во исламот за забраната.

Loading...

„Многу е важно образованието да биде достапно за сите, без никаква дискриминација. Жените мора да се образуваат, во исламот нема забрана за школување девојчиња. Да не дозволиме другите да создаваат јаз меѓу власта и народот. Ако има технички проблеми, тоа треба да се реши и да се отворат училишта за девојчиња“, рече Шер Мохамад Абас Станикзаи за време на собирот на Талибанците во Кабул.

Откако дојдоа на власт минатата година, талибанците го ограничија образованието на девојчињата на само шест одделенија од основно училиште, и покрај ветувањата дека сите нивоа на образование ќе бидат достапни за девојчињата.

Апелот на Станикзаи е редок умерен тон од талибанците кога станува збор за правата на жените.

Талибанците рекоа дека работат на план за отворање средни училишта за девојчиња, но не дадоа временска рамка.

Обединетите нации ја нарекоа забраната „срамна“.