Хаварисаните возила кои се паркирани на јавните површини низ Куманово ќе во перидот од 1 до 15-ти април ќе мора да бидат дислоцирани од страна на сопствениците, соопштуваат од Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово.
Сопствениците на овие возила веќе ги добиваат опомените од страна на комуналните инспекции за да навреме ги отстранат неисправните возила кои го узурпираат општинскиот јавен простор. Неисполнувањето на оваа обврска во предвиденот рок, ќе доведе до присилно отстранување на возилата, а штетата ќе оди на сметката на сопствениците, предупредуваат од Општина Куманово.
Оваа акција се презема за да се обезбеди непречено минување на граѓаните по јавните површини кои се зафатени од возила кои не се во употреба – изјави раководителот на Секторот за инспекциски надзор, Вера Лазаревска.
Таа додаде дека доколку сопствениците не ги остранат навреме возилата, тие ќе бидат отстранети со „пајак службата“ и надлежните служби од СВР Куманово, при што трошоците ќе бидат на товар на сопствениците.
Акцијата, нагласи Лазревска се спроведува согласно Законот за комунални дејности и Законот за безбедност во сообраќајот.
Loading...
фото: архива