Кирибати и Самоа влегоа во 2023 година

Сподели со своите пријатели

Жителите на пацифичките острови Кирибати и Самоа први ја дочекаа Новата година, во 11 часот по средноевропско време.

Loading...

Новата година во Кирибати се слави два дена на 31 декември и 1 јануари.

Рестораните и клубовите се отворени во текот на ноќта, а во пресрет на забавата вообичаено е луѓето да се среќаваат во традиционалните куќи „манеаба“. На полноќ луѓето обично излегуваат на улица и наздравуваат.

Новата година не стигнува во сите делови на планетата во ист момент, односно поминува цел ден, додека жителите на целата земјина топка не го сменат календарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанец починал на одмор во Куба. На семејството му испратиле погрешно тело

Први ја прославуваат новата година жителите на Кирибари, а потоа на Самоа и Тонга, кои се наоѓаат во централниот дел на Тихиот Океан.

Еден час подоцна, жителите на Нов Зеланд влегуваат во Новата година, потоа делови од Русија и Австралија, како и од Јапонија, Северна и Јужна Кореја.

Потоа со нетрпение го очекуваат нивното пристигнување во Кина и другите земји од азискиот континент, а потоа Европејците и Африканците.

Американците последни ја дочекаа Новата година, а таа најдоцна стигнува до Ниуе и до островите Мидвеј.

Loading...