Киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков поднесе оставка денеска по политичките превирања во државата.

Loading...

– Не ја држам власта. Не сакам да останам во историјата на Киргистан како претседател кој пролеваше крв и пукаше кон сопствените граѓани. Затоа, донесов одлука за оставка, нагласи Женбеков во изјава.

Киргистан, земја со 6,5 милиони жители, сместена на границата со Кина, беше втурната во хаос по гласањето на 4 октомври – опозицијата соопшти дека изборите биле нефер со купување гласови и други нерегуларности.

Демонстранти потоа ги заезедоа владините згради, ограбувајќи некои канцеларии, а Централната изборна комисија ги поништи изборите. Женбеков воведе вонредна состојба во главниот град што беше одобрена во вторникот од парламентот.

Властите распоредија војници во Бишкек за време на викендот и воведоа полициски час. Овој потег ги намали тензиите во градот, но започнаа да формираат групи за заштита на имотот. Продавниците и банките кои беа затворени минатата недела повторно се отворија.

Превирањата се третпат во последните 15 години – демонстранти да соборат влада во Киргистан, една од најсиромашните држави од поранешниот Советски Сојуз.

Златко Шумковски

Leave a Reply