Кинезите направија „чудо од воз“ вредно 150 милиони евра (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Возот, кој според својот изглед потсетува на футуристички филмови, ја доби својата прва рута во градот Сечуан, Кина.

Loading...

Неговата главна карактеристика е што нема класични шини, туку се движи по виртуелни патеки, користејќи мрежа на сензори наместо шини.

Овој воз ги следи димензиите на патот и црта свој пат наместо да се фокусира на физички патеки.

Должината на оваа виртуелна железница е 17,7 километри, а чини околу 120 милиони фунти (144,1 милиони евра).

Кога станува збор за возачот, еден човек ќе седи зад воланот, но тој нема да вози, туку ќе биде таму само да реагира доколку се појави дефект.

Брзината што може да ја развие е околу 70 километри на час, може да носи 300 патници истовремено, а се проценува дека околу 10.000 патници ќе го користат новиот воз дневно.

Овој, за многумина, бизарен концепт на локомотивата беше развиен од една од најпознатите кинески компании, „CRRC Corporation Limited“, и за прв пат беше воведена пред две години, пренесува Дејли Меил.

Нивните инженери велат дека овој систем е многу поевтин за изградба отколку традиционалната железница.

Loading...

Leave a Reply