Кина продолжува со воените вежби

Сподели со своите пријатели

Иако претходната најава беше дека Народноослободителната армија на Кина од 4 до 7 август ќе одржи вежби на шест локации низ Тајван, се чини дека дел од вежбите ќе има и во наредните денови.

Министерството за одбрана на Кина соопшти дека во текот на 7 август, формално последниот ден од вежбите, Народноослободителната армија на Кина продолжила да извршува задачи и на море и во воздух.

„Воздухопловните сили исфрлија различни типови и серии борбени авиони, вклучувајќи авиони за рано предупредување, бомбардери, заглавувачи, ловци и продолжија да спроведуваат заедничко извидување, операции за надмоќ на воздухот и симулација на копнен напад“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина конфискуваше 60.000 мапи поарди прикажување на Тајван

Директорот на воздухопловната дивизија на Источната команда на Народноослободителната армија рече дека вежбите имаат за цел да симулираат уништување на клучни цели во Тајван.

„Оваа операција систематски ги тестираше офанзивните тактики на системот и ја подобри способноста за прецизно уништување клучни цели на островот“, рече Џанг Жи.

Иако вежбите требаше да завршат во недела, Министерството за одбрана на Кина денеска соопшти дека вежбите ќе продолжат.

„Командата ќе продолжи да спроведува заеднички вежби на море и во воздушниот простор околу Тајван, со фокус на организирање заеднички операции против подморници и поморски напади“, посочуваат од Пекинг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина: САД го жртвуваат Тајван за сопствените интереси