Град во Кина постави нови стандарди кога се во прашање железницата и архитектурата.
Имено, воз во градот Чунгкинг директно поминува низ станбена зграда!
Станарите воопшто не се бунат, бидејќи возот малтене е нечуен.
Кога архитектите во Кина морале да дизајнираат железничка траса со една пруга која ќе се наоѓа на голема надморска височина и ќе поминува низ кинески град, дошле до неверојатно решение.
Во Чунгкинг, тесен и пренаселен планински град, минува железницата, ни помалку ни повеќе, туку станбена зграда. Но, тоа не е се.
Станицата „Станица Лизиба“, која беше отворена во 2004 година, се наоѓа на просторот помеѓу шестиот и осмиот кат на станбена зграда која има вкупно 19 ката.
Погледнете како изгледа оваа неверојатна рута: