Ким Џонг Ун нареди зголемување на производството на ракети и муниција

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун нареди драстично зголемување на производството на ракети и друго оружје за време на обиколката на фабриките за ракети и муниција за да се задоволат потребите на воените единици.

Loading...

„Квалитативното ниво на воени подготовки зависи од развојот на индустријата за муниција, а фабриките имаат многу важна одговорност за забрзување на воените подготовки на Корејската народна армија“, рече Ким, а пренесува АП.

Агенцијата наведува дека наредбата на Ким доаѓа по посетата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на Пјонгјанг, кога, како што се проценува, тој разговарал со Ким за купување на големо количество севернокорејско оружје.

Војските на Јужна Кореја и САД следната недела ќе започнат воени вежби за „да ги подобрат своите заеднички способности против нуклеарните закани од Северна Кореја кои се развиваат“, пишува Танјуг.

Во обиколка на други фабрики, Ким повика на изградба на помодерни камиони за лансирање ракети.

Тој рече дека има итна потреба да се зголеми производството на повеќецевни ракетни фрлачи со голем калибар со „експоненцијална стапка“, како што пренесува АП, а за време на посетата се повози со ново оклопно возило.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.