Керол најави дека ќе бара поголема отштета од Трамп

Сподели со своите пријатели

Колумнистката Е. Џин Керол најави дека ќе го зголеми своето барање за отштета во првата од двете тужби за клевета што ги покрена против поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Loading...

Таа рече дека ќе бара уште најмалку десет милиони долари дополнителна отштета, поради коментарите на поранешниот американски претседател на Си-Ен-Ен, откако поротата го прогласи за одговорен за сексуален напад.

Федералната порота во Менхетен на 9 мај донесе одлука дека Трамп сексуално ја злоупотребувал Керол во 1990-тите, а потоа ја клеветил во октомври 2022 година, според извештајот на Ројтерс.

Поротата нареди на Керол да ѝ плати отштета од пет милиони долари, но Трамп ја обжали пресудата и рече дека тврдењата на Керол се „тотална измама“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Во понеделникот, адвокатите на Керол укажаа на објавите на Трамп на социјалната мрежа Truth social во кои тој ја нарече пресудата „срамна“, додека на 10 мај тој ја критикуваше Е. Џин Керол на CNN, тврдејќи дека треба да и се дозволи да ја измени својата претходна тужба во која се наведува дека Трамп ја наклеветил, бидејќи во 2019 година, кога беше претседател на САД, го негираше инцидентот, пренесува Танјуг.