Казахстан ја одби Русија да го протера украинскиот амбасадор

Сподели со своите пријатели

Казахстанските власти денеска го отфрлија барањето на Русија за протерување на украинскиот амбасадор од Казахстан поради неговите изјави за убиства на Руси, обвинувајќи ја Москва за несоодветно обраќање меѓу еднакви стратешки партнери, пренесува Ројтерс.

Loading...

Односите меѓу Русија и Казахстан и некои од нејзините сојузници, поранешни членки на Советскиот Сојуз, се затегнати од почетокот на војната во Украина, особено поради обидот на претседателот Владимир Путин да не го почитува договорот за границата на земјите од поранешниот СССР на исток, според британската агенција.

Спорна изјава

Тензиите се зголемија откако украинскиот амбасадор во Казахстан, Петро Врублевски, во интервју во август, осврнувајќи се на војната во Украина, рече дека „колку повеќе Руси убиваме сега, толку помалку нашите деца ќе треба да ги убиваат“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Русија побара од Казахстан да го протера амбасадорот, но Астана наместо тоа побара од Киев да го премести, велејќи дека неговите коментари се неприфатливи за земјата со големо руско малцинство.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, вчера изјави дека Москва е револтирана што Врублевски сѐ уште е во Астана и затоа го повикала амбасадорот на Казахстан.

Портпаролот на казахстанското Министерство за надворешни работи Ајбек Смадијаров денеска изјави дека за возврат рускиот амбасадор ќе биде поканет на разговор во казахстанското министерство.

Смадијаров рече дека Врублевски ќе го напушти Казахстан кога на негово место ќе дојде нов амбасадор.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...