Голем дел од Германија во текот на ноќта беше погоден од силно невреме, а силниот дожд предизвика поплави и откажани десетици летови од аеродромот во Франкфурт, соопштија денеска властите.
Од аеродромот соопштија дека на пистата се насобрале големи количини вода и дека услугите на аеродромот не работат повеќе од два часа.
WATCH: The Frankfurt airport has been badly flooded pic.twitter.com/MqZB4Aa5Te
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) August 16, 2023
На веб-страницата на аеродромот беше објавено дека до 23 часот се откажани околу 70 летови, додека 23 летови се пренасочени кон други аеродроми.
Поради обилните врнежи поплавени се подруми, улици и метро станици во делови од југозападна и централна Германија и во Гелзенкирхен, во западниот округ Рур.
Nichts zu sehen hier. Ganz normales Wetter.#Frankfurt. pic.twitter.com/MdQSeJwnNR
— Parents For Future #EndFossilFuels – 15.09. 🪧🛢️❌ (@parents4future) August 17, 2023
Противпожарната служба соопшти дека луѓе се спасени од автомобили, бидејќи подвозниците биле под вода.
Во Ерфурт поради силниот ветер се превртеле два камиона, а возачите се полесно повредени, соопшти полицијата.