Катар оваа зима нема да го пренасочува гасот кон Европа

Сподели со своите пријатели

КатарЕнерџи работи на зголемување на производството на гас во услови на зголемена глобална побарувачка, но оваа зима нема да го пренасочи течниот природен гас (ЛНГ) договорен со азиските клиенти во Европа, предупреди денеска извршниот директор на катарската компанија.

Loading...

Катар е меѓу водечките светски извозници на течен гас, а неколку европски земји се обидуваат да добијат повеќе гас преку преговори со цел да обезбедат замена за увозот од Русија и да ја елиминираат кризата со снабдување.

„Договорите се апсолутно свети за Катар… Затоа, кога потпишуваме договор со азиски или европски клиент, го почитуваме“, изјави за новинарите извршниот директор на „КатарЕнерџи“, Саад ал-Каби, кој е и министер за енергија на Катар.

„Договорената количина гас ќе биде испорачана во Европа“, нагласи Ал Каби. „Но, гасот нема да се зема од азиските клиенти и да се испраќа во Европа“, додаде тој.

Катар сака да ја зајакне својата позиција како главен снабдувач на Европа

Катар сака да ја зајакне својата позиција како главен снабдувач на течен гас во Европа, а потребите се големи со оглед на тоа што рускиот гас од цевководите учествува со речиси 40 отсто од увозот на Стариот континент.

Планот за северно поле на Катар вклучува зголемување на капацитетот за втечнување гас до 2027 година од 77 милиони тони на 126 милиони тони годишно.

Оваа година катарскиот производител на гас потпиша договори со компаниите TotalEnergies, Shell, Exxon, ConocoPhillips и Eni за продажба на акции во проектот за проширување на производството на течен гас, а оваа година планира да стане најголемиот светски трговец со LNG.

Во септември, QatarEnergy ја назначи француската TotalEnergies како прв партнер во проектот North Field South.

Loading...

„Тотал“ е многу важна компанија за нашето партнерство овде“, рече Кааби. „Ние сме заедно на меѓународно ниво во многу области, како што е истражувањето, и наскоро ќе не видите заедно во уште повеќе“, додаде тој на церемонијата на отворање на фотоволтаичниот систем во Ал Карса.

Проектот ги обедини QatarEnergy, TotalEnergies и јапонската Marubeni.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.