Катар и Бахреин ги обновуваат дипломатските односи

Сподели со своите пријатели

Катар и Бахреин го решаваат долгогодишниот спор и ги обновуваат дипломатските односи.

Loading...

Делегациите на двете земји се сретнаа во средата во седиштето на Генералниот секретаријат на Советот за соработка во Персискиот залив (GCC) во саудиската престолнина Ријад, соопштија во одделни соопштенија министерствата за надворешни работи на тие земји.

Двете страни се состанаа за „зајакнување на единството на Заливот и интеграцијата според Повелбата на GCC“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Катар.

Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Катар, Ахмед бин Хасан ал Хамади, се сретна со потсекретарот за политички прашања во Министерството за надворешни работи на Бахреин, шеикот Абдула бин Ахмед Ал Калифа, на разговори околу решавањето на спорот е во тек од 2017 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Таа година, Бахреин, заедно со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Египет, воведоа дипломатска блокада на Катар, поради тврдењата дека е премногу блиску до Иран и дека поддржува тврдокорни групи, а Доха секогаш одлучно ги негираше овие наводи.

Решавање на регионални спорови

Уште во јануари, престолонаследникот на Бахреин и емирот на Катар телефонски разговараа за нивните разлики во мислењата, што навестуваше затоплување на односите.

Четири арапски земји им забранија на катарските авиони и бродови да го користат нивниот воздушен простор и води и ги прекинаа трговските врски.

Во 2021 година, Саудиска Арабија, ОАЕ и Египет ги обновија тие врски, иако ОАЕ и Катар допрва треба да ги отворат своите амбасади.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Спорот на Бахреин со Катар главно се фокусираше на односите со Иран и прашањата долж нивната поморска граница.

Обновените врски доаѓаат во време на голем број други напори за решавање на регионалните спорови, вклучувајќи го и оној меѓу Иран и Саудиска Арабија.