Гоце Гиновски или за сите познат како Карло Бос е еден од овогодинешните учесници на Големиот брат. Но, тоа не е најинтересното. Интересна е неговата професија, односно она по што тој стана познат и во Македонија сите го знаат.
Тоа се филмовите за возрасни кои Карло Бос ги има снимено во Италија каде ја „развиваше“ порно индустријата и стана вистинска ѕвезда. За оние што не знаат, тој им има мерак на постарите дами, а и во своите филмови е во улоги со популарни „милфици“, меѓу кои и Изабела Ди Капа.
Тој не само што стана популарен на сите преку неговите филмови, туку на социјалните мрежи даваше остри критики на популарни теми, па така на еден пост дури нудеше и 15.000 евра за убиство на Боки 13. Така тој се има закитено со тужба од него, но и од Јелена Карлеуша која исто така ја критикуваше на социјалните мрежи.
Од него можеме да очекуваме се, па дури и секс пред камерите, бидејќи ниту ќе му е прв пат, ниту ќе се срами да го стори тоа. Но, со оглед на шушкањата дека во овогодинешното шоу ќе влезе и трансексуалец од Македонија, по се изгледа дека ќе биде интересно да се проследи новата сезона од оваа реално шоу.