Карате клубот „Ронин Доџо“ оствари одличен успех на меѓународниот турнир „Империум Опен 2026“, кој се одржа на 10 мај во Свети Николе, освојувајќи вкупно 29 медали и второ место во генерален пласман.

Во конкуренција од околу 200 натпреварувачи и десетина клубови од Македонија, членовите на клубот освоија 10 златни, 11 сребрени и 8 бронзени медали.

Во категоријата кати, со златни медали се закитија Дамјан Стојановски, Емил Миленковски, Адријан Таневски, Стефан Ѓорѓи Николовски и Јан Илиев.

Сребрени медали освоија Кирил Младеновски, Ведран Лазаревски, Марко Крстевски, Костадин Паневски, Петар Апостоловски и Вук Величковиќ, додека бронзени медали освоија Јаков Илиев и Дамјан Стојановски во јуниорска конкуренција.

Во борбите, златни медали освоија Кирил Младеновски, Теодор Петрушевиќ, Емил Миленковски, Јаков Илиев и Јан Илиев.

Со сребрени медали се закитија Дамјан Стојановски, Марко Крстевски, Ана Илиевска, Костадин Паневски и Адријан Таневски, а бронзени медали освоија Ведран Лазаревски, Стефан Ѓорѓи Николовски, Бојана Денковска, Петар Апостоловски и Вук Величковиќ.

Нивниот тренер Оливер Милорадовски истакна дека натпреварувачите покажале голема храброст, дисциплина и техничка подготвеност, што, како што вели, е потврдено и преку постигнатите резултати.

– Полека, но сигурно се гради квалитетна екипа која во иднина ќе остварува уште поголеми успеси. Неизмерна е радоста кај тренерите кога младите се занимаваат со спорт, учат здрави навики и го негуваат фер-плејот – изјави Милорадовски.



Никола Ивановски

