Канаѓанка осомничена за шпионажа во НАТО, ќе биде под електронски надзор

Сподели со своите пријатели

Канаѓанка со кинеско потекло вработена во воениот штаб на НАТО во Белгија, која беше уапсена во јули под сомнение за шпионажа, ќе биде ставена под електронски надзор додека чека судење, објави денес портпаролката на белгиското федерално обвинителство, повикувајќи се на одлуката на судот.

Таа изјави дека обвинителството ја разгледува можноста за поднесување жалба, но не сакаше да ги наведе причините, пренесува Ројтерс.

За време на нејзиното апсење во јули, белгиските обвинители објавија дека осомничената работела во воениот штаб на НАТО во градот Монс и дека е канадска државјанка со кинеско потекло, осомничена за шпионажа за трета земја и поврзаност со криминална организација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британец пливаше во Ормутскиот теснец додека траеја нападите врз бродовите (ВИДЕО)

Властите не го објавија идентитетот на осомничената, ниту пак наведоа од која земја е.

Сепак, извори запознаени со истрагата изјавија за Ројтерс дека станува збор за жена во нејзините 30-ти години, идентификувана како Клер З., и дека истражителите се сомневаат дека нејзината активност е поврзана со Кина.

Врховниот штаб на сојузничките сили на НАТО во Европа (SHAPE) ги извести белгиските разузнавачки служби откако вработените забележаа сомнително однесување.

Портпаролот на SHAPE претходно изјави дека нема индикации дека случајот влијаел на оперативната подготвеност на НАТО, командната структура или тековните мисии на Алијансата.