Канадските власти евакуираа 20.000 луѓе поради шумски пожари

Сподели со своите пријатели

Во градот Јелоунајф на северот на Канада се евакуираат жителите поради брзото ширење на шумските пожари, соопштија локалните власти.

Loading...

„За жал, ситуацијата со шумските пожари се влошува западно од Јелоунајф и претставува сериозна закана“, рече министерот за животна средина на северозападните територии Шејн Томпсон.

Тој нареди евакуација на 20.000 жители на градот на крајниот север на Канада.

Евакуацијата треба да заврши до утре.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ХОРОР ВО ХАГ: Експлозија и пожар уништија зграда, 20 луѓе заробени во урнатините