Канада за Украина ќе го купи американскиот противвоздушен систем NASAMS

Сподели со своите пријатели

Канада ќе го купи американскиот систем за воздушна одбрана земја-воздух NASAMS за Украина, соопштија од кабинетот на канадскиот премиер Џастин Трудо по средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Сиудад де Мексико.

Loading...

Трудо и Бајден разговараа за војната во Украина на состанокот на северноамериканските лидери во Мексико.

„Тоа е прва канадска донација на систем за противвоздушна одбрана на Украина“, истакна канадската министерка за одбрана Анита Ананд на Твитер.

Системите за противвоздушна одбрана се приоритет за Украина, рече украинскиот колега Олексеј Резников во телефонски разговор претходно во вторникот.

Системот NASAMS е систем со краток до среден дострел кој се брани од напади со беспилотни летала, проектили и авиони, рече Ананд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов неуспех на тајната служба: Таткото на напаѓачот на Трамп повикал полиција пред атентатот

Донацијата е вредна околу 406 милиони канадски долари (302,6 милиони американски долари) и е надополнување на 500-те милиони канадски долари што Канада ѝ ги вети на Украина во ноември, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Од февруари, Канада одвои повеќе од една милијарда канадски долари за воена помош за Украина.

Трудо и Бајден, исто така, разговараа за „заедничката посветеност на одбраната на Северна Америка, вклучително и купувањето ловци Ф-35 од Канада“, се вели во соопштението.

Loading...

Во понеделникот, Канада го финализираше договорот за купување на 88 ловци Ф-35 од Локхид Мартин во вредност од 19 милијарди канадски долари.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски дронови погодија енергетски објекти во два региони во северна Украина