Канада вели дека Украина може да користи нивните тенкови и оклопни возила за напади во Русија

Сподели со своите пријатели

Канадското Министерство за одбрана објави дека Украина може слободно да користи тенкови и оклопни возила што ги добила од таа земја за напади во Русија.

Loading...

„Украинците најдобро знаат како да ја бранат својата татковина. Канада не поставува географски ограничувања за употребата на воената опрема што и ја донира на Украина“, изјави портпаролката на канадското Министерство за одбрана Андре-Ен Пулин, пренесува канадски CBC (CBC).

Соопштението на канадското министерство доаѓа во време кога се зголемуваат шпекулациите меѓу воените експерти за тоа колку долго Украина може да остане во офанзива во руската област Курск, која го нападна на 6 август.

Канада и подари на Украина осум тенкови Леопард 2А4, неколку десетици оклопни возила, стотици оклопни патролни возила, како и неколку хаубици М-777.