Канада: Најмалку 25.000 луѓе принудени да се евакуираат поради пожари

Сподели со своите пријатели

Најмалку 25.000 луѓе се принудени да се евакуираат поради пожарите во Националниот парк Џаспер и истоимениот град во Канада.

Loading...

Евакуацијата се однесува на 15.000 луѓе кои биле во посета и престојувале во паркот кога била издадена наредбата, како и за околу 10.000 луѓе во градот Јаспер, соопшти Агенцијата за вонредни состојби во Алберта, пренесе „ABC News“.

Илјадници жители и посетители веќе се евакуирани во текот на ноќта, бидејќи пожарите горат во „најголемиот национален парк во канадските карпести планини“, се вели во соопштението.

„Наш приоритет е да го заштитиме градот и заедницата Јаспер, ограничувајќи го ширењето на пожарот кон градот, автопатот и критичната инфраструктура“, се вели во соопштението на паркот.

Владата на Алберта соопшти дека службите за итни случаи моментално се борат со повеќе од 170 шумски пожари низ провинцијата.