Камп приколка изгоре на патот Свети Николе – Куманово

Сподели со своите пријатели

Камп приколка била опожарена на патот Свети Николе – Куманово викендов, кај местото викано „Павлешенска чешма“.

Loading...

– На 10.08.2024 година во 07.33 часот во СВР Штип, Х.В.(57) од Република Чешка пријавил дека на регионалниот пат Свети Николе – Куманово кај местото викано „Павлешенска чешма“, при движење со патничко возило „Шкода“ со чешки национални ознаки, настанал пожар на неговата камп приколка, која била прикачена на возилото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато

Никола Ивановски