Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Локално ќе има изолирана појава на краткотраен дожд.
Минималните температури ќе се движат од 4 до 12, а максималните ќе бидат во интервал од 17 до 23 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.
Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде посвежо со повремени врнежи од дожд.