Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервало од 32 до 39 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло со максимална дневна температура до 35 степени целзиусови.
Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло, велат од УХМР.
Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.
Во сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.
За време на продолжениот викенд во Куманово времето се очекува да биде сончево и топло.
Така во сабота ќе има мал пад на температурата од 36те степени во петок. Ќе биде сончево со мала облачност и слаби услови за грмежи и пороен дожд во попладневните часови. Максималната температура ќе достигне 32 степени.
Недела носи стабилно и топло време со дневен максимум од 31 степен.
Понеделник, кој ќе биде неработен ден за сите граѓани на државата, ќе биде стабилен и топол ден со многу сонце, а живата во термометарот ќе се искачи до 34 степени.
Никола Ивановски