Каков ви е ракописот, таков и карактерот

Сподели со своите пријатели

Вашиот ракопис многу повеќе зборува за вас отколку што мислите. Доколку не верувате во ваки приказни, сигурно ќе ве запрепасти постоењето на графологија – наука која изучува ракописи врз основа на што се анализираат каратекрот и особините на личноста, а тоа постои уште од времето на Аристотел.

Некои работодавачи дури го земаат ракописот како средство за проценка на потенцијалните вработнеи.

Големи букви

Сакате да ве разберат и да ве забележат. Сакате да се фокусирате на луѓето.

Мали букви

Имате силен фокус и концентрација. Малку сте интровертни

Буквите немаат косина

Донесувате одлуки потпирајќи се на логика, а не на емоции.

Буквите имаат косина на десна страна

Многу стре дружељубиви, сентиметални и импулсивни. Наважни ви се семејството и пријателите.

Буквите имаат косина на лева страна

Не сакате да работите со луѓето, пред се со предмети. Многу сте резервирани. Ориентирани сте на себе и своите потреби.

Силен притисок на хартија

Имате силни емоции кои ги изразувате многу силно. Пребрзо избувнувате.

Слаб притисок на хартија

Лесно се прилагодуваат и навикнуваат на нови места и луѓе. Емоциите не можат да ве истрошат – не сте емотивен тип.

Leave a Reply