Каков среќник: Пронашол банкнота на подот, купил лотарија и освоил милион долари!

Сподели со своите пријатели

Џери Хикс, столар од Северна Каролина, САД, пронашол банкнота од 20 долари на подот и со неа купил тикет со кој на лотарија освоил милион долари, објави NDTV.

Loading...

Хикс ја напуштил куќата на 22 октомври и немал поим колку ќе биде среќен тој ден за него.

Судбоносната банкнота ја пронашол на паркингот пред продавница, а потоа ја искористил за да купи лото ливче кое му донело мирно пензионирање.

„Тие всушност го немаа лозот што го сакав, па наместо тоа ја купив таа грепка“, рече Хикс, кој ја подигна наградата во петокот во седиштето на Лотаријата во Северна Каролина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија: Рекордно мал број на први бакнежи кај тинејџерите

Тој избра да ја добие наградата како паушален износ од 600.000 долари наместо како ануитет во текот на 20 години, се вели во изданието.

По даноците, Хикс однел дома 429.007 долари, а парите планира да ги искористи за да им помогне на своите деца и да се пензионира како столар по 56 години, се вели во соопштението.

Сепак, тој изјави дека ќе ужива во своите добивки пред овој план:

– Одиме директно во „Golden Corral“ и ќе изедеме се што имаат – рече тој.

Loading...