Како се прави временската прогноза и зошто понекогаш е погрешна? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Податоците за временските услови и атмосферата се собираат и чуваат во моќни супер-компјутери. Се мерат температурата на воздухот, притисокот, влажноста и брзината на ветерот.

Loading...

Овие податоци се собираат на глобално ниво и се користат за да се утврди временската прогноза.

 

 

Британија инвестираше 1,4 милијарди евра во супер компјутер за оваа намена. Сепак, отежнувачката околност е, всушност, брзината со која суперкомпјутерите успеваат да обработуваат атмосферски податоци.

Затоа, метеоролозите прават дополнителни мерења за да предвидат какви било промени и да ја надополнат прогнозата.

Тогаш, зошто прогнозите се често погрешни, и покрај деталните и обемни податоци?

Loading...

Нашата атмосфера е толку чувствителна што дури и најмалите промени во океаните на светот, на пример, можат да влијаат на временските услови на копно.

Атмосферата е широк и комплексен систем, така што е невозможно целосно да се следи, што значи дека „неуспесите“ во метеоролошките текстови се неизбежни. На пример, неделната временска прогноза секогаш се менува.

Но, добра вест е дека како што напредува технологијата, системот за следење на времето ќе биде се повеќе точен. Така, британската метеоролошка канцеларија наведува дека четиридневната прогноза е точна и денес, колку што пред триесет години била точна прогноза за само еден ден.

Прецизно предвидување на локацијата е проблем. Дождот е особено непредвидлив. Честопати мислиме дека временската прогноза е погрешна затоа што сме очекувале обилни врнежи и не се случиле. Всушност, се случиле, на само неколку километри од нас.

Исто така, разни метеоролошки организации во светот користат свои компјутерски програми, што овозможува да се добијат неколку предвидувања кои не се исти за една област.

Постојат се поголем број апликации за набљудување на временските услови кои често користат различни пристапи за прогнозирање.

Доколку има 30% веројатност за дожд, едната апликација ќе го означи времето со симбол на чадор и друга со симбол на облак затоа што сè уште постои веројатност од 70% дека ќе биде суво. И заради овие разлики, постојат отстапувања во временските прогнози.

Секако, со развој на пософистицирана технологија, самата временска прогноза ќе стане попрецизна, подостапна и ќе се однесува на специфични области.

Loading...