Како ретроградниот Меркур ќе влијае на вас до 15 август?

Сподели со своите пријатели

За поголемиот дел кои ја следат астрологијата и астролошката карта, па и за површните познавачи на таа дисциплина, познат е терминот ретроградно движење на Меркур.

Loading...

Често во време на таков феномен доаѓа до одложување, доцнење, забуни, погрешни толкувања на околностите, погрешни интерпретации на туѓи зборови, поспор проток на информации. Понекогаш откажуваат и домашните апарати, нешто се расипува, нешто забораваме, а понекогаш и нешто губиме.

Не успеваме да дојдеме до личноста која ни е потребна. Разговорите се недокажани, остануваме во состојба на збунетост, ни недостасуваат информации за да можеме да одлучиме и делуваме.

Затоа ова време не е добро за нови почетоци и големи одлуки. Почекајте малку. Посмирено разгледајте ги околностите, ситуацијата во која се наоѓате. Набљудувајте ги сигналите крај патот. Со ретроградниот Меркур минатото некогаш се повторува. Ни се јавува личност од минатото, среќаваме некого кого долго не сме виделе.

Неретко нешто започнува и мислиме супер, ова мириса на добро, а потоа одеднаш се се успорува или престанува. И не ние е јасно. Ова е и пат во потсвеста, во просториите под прагот на свесноста. Доаѓаме до нови увиди, сфаќања, многу работи талкаат низ нашиот ум, а се уште не сме во можност тоа јасно да го искомуницираме.

Затоа сопствените мисли можат да не збунат. Множат да не збунат и зборовите и изјавите на други луѓе. Не земајте се на срце. Дозволете времето да покаже како ќе се одвива ситуацијата.

Кармичката стрологија ги толкува ретроградните планети како вид на испит. Повторуваме искуства, можеби и од минатите животи. Ни доаѓаат лекции кои ни овозможуваат подлабок увид, ставаме работи на своето место. Ако ништо не сме научиле од минатите грешки, можеби треба да се вратиме на местото кое сме го напуштиле и повторно да доживееме исто или слично. Повторувањето е мајка на знаењето.

Провокациите, одбрамбеното однесување, лутината, се е можно. Можеби нешто ќе доживеете и проживеете што ќе го процесирате во неделите кои се пред вас, а се ќе се сведе на своето место од 1 август кога Меркур ќе започне да се движи напред.

Loading...

Во секој случај делувајте промислено, бидете трпеливи и не дозволувајте некои ситуации да ве исфрлат од рамнотежа. Со губењето на нервите и влегување во караници тешко дека било што ќе решите. Останете смирени. Некои планови неочекувано ќе се променат.

Некои теми кои би можеле да бидат актуелни опфаќаат родителска улога, деца, љубов, пријатели и пари.

Има уште нешто интересно во овие денови пред нас.

Освен што сме во период меѓу две помрачувања, едното е завршено, деугото ни претстои, Сатурн се сместил точно на јужниот Месечев јазол, а Сонцето се приближува кон северниот, значи наспроти јужниот јазол и Сатурн. Нешто од минатото треба да пуштиме. Да се ослободиме од стравот и несигурноста. Да преземеме одговнорст, да пораснеме, односите со поранешните љубови, искствата од минатото родителите, професионалните амбиции можат да бидат подложни на чистење, реструктуирање, темелни промени.

Затоа отворете ги очите и смирено набљудувајте што ќе ви се случува во следните недели. Ништо не доаѓа за да ве порази, туку тука е за да сфатите, научите и осознаете за себе и својот живот. За да одите кон напред и да ги отстраните стегите кои во тоа ве оневозможуваат.

Се што доаѓа е вредно да се усвои. Се што оди испратете го во мир затоа што веројатно веќе не служи. Простете себе си. Пронајдете мир со минатото и создадете нова визија за иднината.

И еден датум може да биде значаен. Станува збор за 15ти август, кога Меркур доаѓа на позицијата од која тргнал ретроградно. Циклусот започнат на 7ми јули, околу тој датум ќе се заокружи.

Image by Arek Socha from Pixabay

Loading...

Leave a Reply