Како просјак во Атланта доби отштета од 100 милиони?

Сподели со своите пријатели

Сојузната порота во американскиот град Атланта пресуди на просјак да му биде исплатена отштета од 100 милиони долари, бидејќи полицаец пред четири години го удрил со шок пиштол, по што несреќниот човек паднал, го скршил вратот и бил парализиран.

Loading...

Критично повредениот Џери Блесингејм (69) барал 24-часовна нега која чинела 1 милион долари годишно, а досега има собрано 14 милиони долари медицински сметки, изјави адвокатот Вејн Џонсон, пренесува АП.

Поротата одлучи дека полицаецот Џон Грабс употребил прекумерна сила против Блесингејм, кој од возач на автомобилот просел пари на 10 јули 2018 година.

По инцидентот тој бил парализиран од вратот надолу.

Адвокатот на Блесингем, Кит Едвардс, го тужеше градот Атланта и Грабс, барајќи компензација за медицинските трошоци.

Тужбата на Едвардс наведува дека Блесингејм бил на улица и барал пари од луѓето кога пристигнале Грабс и уште еден офицер, гледајќи го како разговара со возачот.

Грабс излегол од полициското возило и му рекол на Блесингејм да застане, но тој побегнал, а по просјакот започнала потера.

Поротата утврди дека полицискиот оддел на Атланта треба да плати 60 милиони долари, а Грубс треба да ги плати останатите 40 долари, објавија TV-WXIA и Atlanta Journal-Constitution.

Loading...