Како парите влијаат на луѓето?

Сподели со своите пријатели

Нова студија објавена во магазинот „Social Psychological and Personality Science“ открива дека парите влијаат на човековата перцепција.

Loading...

Има вистина во познатата метафора која вели дека парите не прават „ладнокрвни“ личности – објаснува Леони Реутнер, автор на истражување и експерт од Универзитетот во Базел.

Меѓутоа, истражувањето покажало дека парите буквално донесуваат „оладување“ во физичка смисла.

До ваков заклучок дошле на основа на следното – испитаниците кои учествувале во експериментот имале за задача да проценат температура во собата во која се наоѓале додека рацете им биле во чинии наполнети со пари.

Дел од испитаниците пред себе имале чинии со вистински пари, додека другите со обоени листови кои личеле на банкноти.

Проценките на испитанциите кои не допирале вистински пари биле значително различни од оние кои го правеле тоа, а изјавиле дека температурата значително се намалила.

Во друг експеримент во рамките на истото истражување, испитанциите морале да проценат температура на вода откако допирале пари, односно хартија.

Испитаниците кои допирале вистински пари водата ја оцениле како потопла од останатите кои имале работа со лажни банкноти.