Југословенската народна армија, ЈНА била вооружена сила на поранешна ФНРЈ, подоцна СФРЈ. Во своето време, се сметала за четврта по големина војска во Европа, и за добро вооружена и обучена воена сила.
Формирана е од антифашистичките сили на Југославија во текот на Втората светска војна, и била под контрола на комунистите. Претседателот на КПЈ Јосип Броз Тито бил и командант на ЈНА во текот на војната.
Кој ја донел првата фудбалска топка во градот и уште 15 малку познати факти за кумановскиот спорт
Служењето воен рок било задолжително, па така постоел и јавен повик преку кој се повикувале сите машки лица за регрутирање.
Лицата требало да бидат полнолетни, а нејавувањето на повикот се казнувало со затворска казна од една година.
Извор: „Наш весник“ број 144 (недела, 1. октомври 1967. година)