Секоја жена сака да знае што нејзиниот маж сака кај неа и што за него е совршена жена.
Многу мажи знаат какви жени сакаат, а ним ќе им бидете најинтересни, ако сте самоуверени, имате смисла за хумор и не се преправате дека сте нешто што не сте.
Мажите, имено, сакаат жени кои имаат свој став и свое мислење. Иако на некои жени можеби им изгледа дека мажите сакаат целосна доминација, тоа сепак не е така. Нема ништо подосадно од жена која се сложува со се што тој ќе каже и преминува преку своите зборови.
Четири работи кои мажите и жените прво ги привлекува кај партнерот
Исто така, пред мажите не би требало да се жалите и да ги истакнувате физичките недостатоци, тие не го гледаат тоа како вас. Нема ништо поубаво од жена која одлично се чувствува во својата кожа и не се плаши да го покаже тоа.
Исто така, многу сакаат и кога жената има смисла за хумор. Заедничката смисла за хумор одржува здрава врска, а може и да даде светлина на некои не така позитивни ситуации.