Како да им се помогне на децата во состојба на колективна траума? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Катастрофалниот пожар во Кочани кој однесе 59 млади животи остава длабока лузна кај сите нас, но најранливи се токму децата.

Loading...

Педагогот од ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово, Кетрин Михајловиќ вели дека во овие моменти е многу важно децата да ги искажат своите чувства, без разлика дали ќе разговараат со некого, или своите емоции ќе ги запишат на лист хартија.

– Сите поаѓаат од себеси, што можело да им се случи на нив, затоа што дискотеките низ целата држава не се безбедни, а тоа е наша грешка. Се трудиме, барем ние како струна служба, да ги сослушаме, да дадеме насока или некој начин како самите да се отвораат, да ги исфрлаат своите емоции, со тоа што или ќе разговараат со другар/ка, со нас, со родител или ако не можат тоа да го искажат со зборови, да го напишат на лист хартија и нека го запалат или искинат потоа. Да ги гледаме првенствено како деца, а не само како ученици кои тука треба да учат, вели Михајловиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ООУ „Магдалена Антова“ добива ново спортско игралиште (ФОТО)

 

 

Многу ученици, вели таа, не сакале да разговараат, иако тагата и вознемиреноста се гледа во нивните очи.

Михајловиќ апелираше родителите да поминуваат повеќе време со своите деца, оти им е потреба љубов.

Loading...

– Досега родителите ни се немаат јавено, но еве еден апел до нив, нека ги слушнат своите деца. Нека бидат почесто со нив, повеќе време да поминуваат во нивно присуство, не мора тоа да биде вржан разговор за нешто конкретно, и самото нивно присуство е доволно тие да се чувствуваат заштитено, сигурно и сакано. На секое дете првенствено треба да му приоѓаме со љубов, додава таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник од Куманово приведен поради кражба

Инаку Министерството за образование и наука доставило до сите училишта насоки како да постапуваат стручните служби, а освен психо-социјална помош, деновиве во училиштата ќе се спроведат и вежби за евакуации, нешто што кумановските средни училишта го спроведуваат секоја година во рамки на своите програми.

Никола Ивановски