Јужна Америка добива свое „евро“?

Сподели со своите пријатели

Бразил и Аргентина имаат намера да започнат со подготовките за воведување заедничка валута веќе оваа недела, објави весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на владини извори во Буенос Аирес и Бразилија.

Подготовките би требало да започнат на аргентинско-британскиот самит кој оваа недела се одржува во Буенос Аирес.

Новоизбраниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва од неделата престојува во соседна Аргентина.

Валута за цел континент?

„Најпрво ќе разговараме за параметрите за заедничката валута, како што е споредбата на големините на двете економии, како и за улогата на централните банки“, изјави аргентинскиот министер за економија Серџо Маса за „Фајненшл тајмс“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Епидемија во Америка: Карантин за повеќе од 150 невакцинирани деца

Оваа недела Буенос Аирес треба да разговара за тоа како заедничката валута би ги зајакнала економиите на двете соседни земји, но и како да се намали зависноста од американскиот долар.

Идејата за заедничка валута не е нова. Таа тема се дискутираше уште во 2019 година, но бразилската централна банка беше против.

Новата валута, која, според предлогот на Бразил, ќе се вика „сур“ (југ), треба да биде отворена за пристап на други јужноамерикански земји, со што би се создала нова единствена зона по примерот на Европската унија и еврото.

Аргентина моментално ја тресе силна инфлација, која во јануари достигна ниво од 95 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доаѓа зима каква што не сме виделе долго: Метеоролозите предупредија на необични промени