Јун Сук-Јeол стана првиот претседател во историјата на Јужна Кореја на кој му се суди

Сподели со своите пријатели

Импичментираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јеол утрово се појави на првото прелиминарно сослушување во неговото кривично судење под обвинение за водење бунт, со што стана првиот јужнокорејски претседател на кој му се суди.

Loading...

За прелиминарното рочиште не е потребно присуство на обвинетите, но Јун сепак одлучи да присуствува на седницата.

По завршувањето на сослушувањето, судот почна да го разгледува барањето на Јун да биде ослободен, објави Јонхап.

Јун е во притвор од средината на јануари и минатиот месец беше обвинет за бунт затоа што накратко прогласил воена состојба на 3 декември, а доколку биде прогласен за виновен, може да добие доживотна или смртна казна, објави Јонхап.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Озлогласен водач на банда убиен во судница: Напаѓачот бил маскиран во адвокат

Во Окружниот суд во Сеул се одржа прелиминарно рочиште, а судот закажа второ прелиминарно рочиште за 24 март.

Полицијата соопшти дека за време на прелиминарното рочиште, околу 500 поддржувачи на Џун се собрале во близина на судот, барајќи негово ослободување.

Во соопштението се вели дека околу 3.200 полицајци биле распоредени за да ја обезбедат безбедноста во близина на судот.