ЈП „Куманово План“ работи со добивка

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Куманово план“ работи со добивка и бележи подобрување на финансиската состојба.

Loading...

Освен финансиите, претпријатието успеало да реализира и 94 отсто од програмата за секторот за комунални работи, покажаа извештаите презентирани на последната седница на Советот на Општина Куманово.

Претпријатието остварило добивка, но забележално и значителни резултати во намалувањето на расходите.

Успех велат е што се исполнети и речиси 94 проценти од програмата од секторот за комунални работи.

– ЈП „Куманово План“ споредбено со 2021 година има остварено добивка од 428.637 денари, меѓутоа што за нас како јавно претпријатие е значајно е имаме намалено расходи споредено со 2021 година од 1 милион 140 илјади 557 денари.  ЈП за прв пат покажува ваква висока финансиска добивка, дека вработените ќе можат да бидат постабилни смирени во својата работа. Ќе можат да работат поефективно нема да размислуваат дали наредниот месец ќе земат плата, вели директорот Бобан Николовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Претпријатието на последната седница на Советот го врати и службениот автомобил кои го презеле за користење од општината.

– Подраго ми е што покажавме разлика како менаџерски тим, направивме подобар систем, анализи и на крај резултатите се вакви. Покажавме дека ние сме додадена вредност на ова претпријатие како нов менаџмет, вели директорот Николовски.

Никола Ивановски

Loading...