Јосиф Илиевски со сребрен медал од кик-бокс турнирот „Трофеј Белград“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јосиф Илиевски од кик-бокс клубот „Куманово 2006“ се врати со сребрен медал од Меѓународниот кик-бокс турнир „Трофеј Белград“ кој изминатиот викенд се одржа во Србија.

Loading...

Илиевски загуби во финалето од Матеја Стојановиќ од Србија, додека останатите учесници останаа без медал.

 

 

Лука Велковски од Матеја Стојановиќ беше совладан во рамноправна борба при што загуби на поени, додека Марко Велковски добро се бореше, но не успеа да влезе во полуфиналето.

– Со оглед на квалитетот на турнирот и бројноста на натпреварувачите јас како тренер сум задоволен од прикажаните борби на нашите натпреварувачи, изјави Сашо Илиевски, тренер на КБК Куманово.

 

Loading...

 

На турнирот учество зедоа 300 натпреварувачи од шест соседни земји.

– Со другите клубови од Македонија освоивме голем број медали со што докажуваме дека сме силна репрезентација. Благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски од Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово, кик-бокс федерацијата на Македонија и претседателот Дејан Митровски Урко кои помогнаа да го реализираме нашето учество, додава Илиевски.