Јорданското Министерство за надворешни работи денеска издаде соопштение во кое го осудува Израел за неговата воена акција на теренот на болницата Ал Шифа.
Loading...
Јордан рече дека тоа е „кршење на меѓународното хуманитарно право, особено Женевската конвенција од 1949 година за заштита на цивилни лица во време на војна“, и дека тој го смета Израел за „одговорен за безбедноста на цивилите и медицинскиот персонал кој работи во болницата“, пренесува Гардијан.
Израелската армија денеска соопшти дека влегла во комплексот Ал Шифа, најголемата болница во Газа, повикувајќи ги милитантите на Хамас да се предадат.