НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово упатува јавен повик до сите заинтересирани академски скулптори од Република Македонија да земат учество на биеналната изложба “Скулптури на новото време 2015“
За учество, како што наведува центарот, потребно е скулпторите да пријават едно неизлагано дело по сопствен избор (со димензии не поголеми од 60х60х60 cm., изработено од цврст материјал, погоден за транспорт) по можност од најновиот период (неизлагано).
Изложбата ќе се отвори во Куманово во текот на месецот јули 2015 година. Во текот на месецот септември делата ќе бидат вратени на авторите.
За повеќе детали околу изложбата информации можете да се добија на телефоните: 070-22 80 42 – Роберт Цветковски, стручен соработник за изложбена дејност и 075-50 60 52 кај м-р Зоран Арсовски, ликовен уметник.