Јапонскиот Робинзон Крусо: Во џунгла живеел три децении криејќи се од војната, која не ни знаел дека е завршена

Сподели со своите пријатели

Пред педесет години, во џунглите на Гуам бил пронајден јапонски војник, кој живеел таму речиси три децении по крајот на Втората светска војна.

Loading...

Шјоици Јокои, војник во јапонската армија, 28 години се криел во оддалечените делови на островот во Тихиот Океан, убеден дека Втората светска војна, која заврши во 1945 година, сè уште трае, пренесува Бета.

Но, на 24 јануари 1972 година, неговото верување било уништено кога двајца локални рибари го откриле во оддалечените џунгли на Гуам.

Носел панталони и кошула за која рекол дека ја направил од кора од дрво, пишува CNN, а пренесува 9news.

Неверојатната приказна за преживувањето на Јокои започнала кога тој бил повикан во војска во 1941 година и испратен во североисточна Кина, а подоцна и во Гуам.

Јапонија го окупираше островот за време на војната и повеќето војници беа убиени кога американските трупи повторно го зазедоа островот во 1944 година. Но, Јокои и неколку други јапонски војници побегнале во оддалечените длабоки џунгли на Гуам.

Јокои направил стапица од диви трски за да фати риба. Тој самиот ископал и подземно засолниште. Неговите мемоари откриваат дека, откако неговите последни двајца преживеани придружници починале во 1964 година, тој останал очаен да преживее и се држел до надежите за спасение.

– Не можам да умрам овде. Не можам да го изложам мојот труп на непријателот, напишал Јокои.

Loading...

Тој бил вратен во Јапонија еден месец откако бил откриен во 1972 година, каде што го започнал животот одново во земја и свет што едвај ги познавал.

Неговите подвизи во џунглата ја фасцинираа нацијата.

 

 

Јапонците, среде повоениот индустриски просперитет, беа заинтригирани од неговата основна исхрана со јаткасти плодови, бобинки, жаби, полжави и стаорци и начинот на кој ги ткаел материјалите од кората.

Јапонија тогаш стана нација со ограничени сили за „самоодбрана“ наместо војска, и штотуку почна да се појавува како индустријализирана сила.

По враќањето, Јокои, кој наводно бил убиен во акција, бил запрепастен од промените што се случиле откако заминал на воен транспорт пред повеќе од четвртина век.

Loading...

На првата прес – конференција по враќањето дома, Јокои, опкружен со новинари и фотографи по речиси три децении во целосна изолација во џунглата, изгледаше збунето и не можеше да одговори на прашањата.

Се оженил во ноември 1972 година и ја заменил својата осамена пештера во Гуам за дом во префектурата Аичи со неговата нова сопруга Михоко.

Јокои стана редовен коментатор на телевизиски програми, каде што зборуваше за вештините за преживување. Тој исто така напиша и бестселер книга за неговото искуство во Гуам.

Неговото враќање започна потрага по други јапонски војници останати од војната, а пронајден бил уште еден во 1974 година, овој пат на Филипините.

За разлика од Јокои, чија пушка зарѓала и станала бескорисна, поранешниот воен офицер Хиру Онода го имал правилното огнено оружје и бил обвинет за убиство на неколку селани пред да биде откриен во џунглите на Филипините.

Јокои починал во септември 1997 година.