Јапонскиот парламент го изгласа Шигеру Ишиба за нов премиер

Сподели со своите пријатели

Јапонските пратеници денеска официјално го избраа Ишиба Шигеру, лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДП), која ја предводи коалицијата со мнозинството во горниот и долниот дом на парламентот, за нов премиер.

Loading...

Ишиба (67) досега беше на повеќе функции во владата, меѓу кои и министер за одбрана, а пред да стане лидер на партијата беше во извршната власт на ЛДП, јавува јапонската јавна телевизија НХК.

Тој подоцна денеска официјално ќе го формира својот кабинет и ќе ги изнесе приоритетите на новата влада.

Кабинетот на Ишиба ќе биде официјализиран во текот на вечерта, по церемониите што ќе се одржат во Царската палата.

Претходно денеска, кабинетот на јапонскиот премиер во заминување Фумио Кишида колективна поднесе оставка на денешната владина седница.

Кишида, кој претходно се повлече од претседателската кандидатура на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), помина на функцијата 1.094 дена, што го прави осмиот јапонски премиер со најдолг стаж по војната.

Ишиба, новиот премиер на Јапонија минатата недела победи на претседателските избори на Либерално-демократската партија (ЛДП), а вчера најави дека вонредните избори во земјата ќе се одржат на 27 октомври.

Специјалните избори, кои ќе се одржат една година пред редовните и непосредно пред претседателските избори во САД во ноември, ќе одлучат која партија ќе го контролира Долниот дом на парламентот на Јапонија.

Loading...