Јапонија се надева на подобри односи со Кина

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска му рекол на својот кинески колега Ли Кечијанг дека се надева дека двете земји ќе работат на конструктивни и стабилни односи, соопшти Министерството за надворешни работи на Јапонија.

Loading...

Двајцата се сретнаа на самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Камбоџа, објави Ројтерс, а пренесе Танјуг.

За време на разговорот, Кишида го повтори ставот на Јапонија за неодамнешните тестови на балистички ракети, од кои едната ја прелета Јапонија, велејќи дека тоа е евидентна и опасна закана за меѓународната заедница и дека е неприфатливо.

Јапонскиот премиер повика и на соработка меѓу земјите за целосно демонтирање на севернокорејските балистички ракети и оружје за масовно уништување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почина поранешниот кинески претседател