Јапонец со месеци донцел 3 минути на работа, шефовите јавно се извинија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рабтник (64) во канцеларија за водоснабдување од Кобе, Јапонија добил укор и парична казна затоа што во временски период од седум месеци 26 пати порано го напуштил своето работно место за да отиде на пауза за ручек.

Неговата „измама“ ја открил колегата, кога низ прозорецот на својата канцеларија го видел мажот како три минуи пред почетокот на договорената пауза за ручек излегува од компанијата и оди во блискиот ресторан, пишува Гардијан.

Тој го пријавил кај своите шефови кои веднаш одлучиле да спроведат вистинска тајна акција за да дознаат колку често тоа се селучувало.

Во Јапонија дрон ќе ги брка оние кои ќе одлучат да работат прекувремено

Loading...

Управата на канцеларијата за водоснабдување на вработениот од платата му одзелена половина од еден дневен доход, но полошо од паричната казна секако било јавното понижување.

Имено, шефовите по разрешувањето на овој случај веднаш свикале прес конференциј на која најостро ја осудиле „неговата непослушност која длабоко ги растажила“. Потоа се поклониле во знак на извинување.

– Паузата за ручек започнува точно на пладне и трае до 13 часот. Дотичниот господин погрешил затоа што работното место го напушатал неколку минути порано. Со тоа ги прекршил интерните правила на годината, изјавил портпаролот на компанијата од јапанскиот град Кобе.

Казнетиот работник во своја одбрана рекол дека „морал да го промени работниот ритам“.

Корисниците на социјалните мрежи масовно застанаа во одбрана на казнетиот работник.

Тие се прашуваат дели ова „болно“ правило ќе се применува и на оние кои ја напуштаат канцеларијата за одење во тоалет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Leave a Reply