Мајка и ќерка Џеси Џо Ричардс (53) и Ашанта (21) заработуваат и до 2.000 фунти неделно, бидејќи се фотографираат во провокативни изданија заедно, а понекогаш дури и скоро голи!
Самохраната мајка Џеси Џо заработува пари продавајќи свои експлицитни слики веќе 13 години, а сега и се придружила и нејзината ќерка и двете се соблекуваат голи заедно.
View this post on Instagram
Кога започнала со овој бизнис, Џеси најпрво се консултирала со нејзиниот син и ќерка, кои биле 10, односно 8 години.
– Јас секогаш бев отворена со нив. Нема смисла да се крие вистината од нив. Да не ми дадоа зелено светло, никогаш немаше да се занимавам со ова – вели Џеси и додава дека клучот за нејзиниот успех е самодовербата.
View this post on Instagram
Двете сега отвориле заедничка страница, и споделија профили на социјалните мрежи каде сите нивни обожаватели можат да гледаат експлицитни фотографии, но и да се претплаќаат за да видат многу повеќе.
Џеси е горда на своите облини и, како што објаснува, ги заштедува сите пари што ги заработи за нејзиниот син Ромари (23), кој има сериозни здравствени проблеми.
View this post on Instagram
Ашанте неодамна се придружила на нејзината мајка и двете прават слики и видеа од заеднички стриптиз.
Иако Ашанте на почетокот била нервозна, нејзината мајка и помогнала да се опушти и ја научила како заводливо да се соблекува.
– Многумина сметаат дека ова е чудно, но јас не го гледам тоа така. Мама и јас отсекогаш сме биле блиски и не гледам што не е во ред да ме гледа гола. Таа неодамна ми рече: Кога постојано објавуваш голи селфиња, можеш и да заработиш нешто од тоа. Сфатив дека таа е во право и затоа решив да и се придружам – вели Ашанте.
Мајката и ќерката неделно заработуваат околу 2.300 евра (околу 280.000 динари).
View this post on Instagram
Иако добиваат многу изопачени пораки од фановите, тие ја повлекуваат границата кога станува збор за физички контакт и никогаш не се согласуваат да се бакнуваат во уста.
– Ја видов мајка ми во разни пози, но навистина не морам да гледам сè – објаснува Ашанте, а Џеси додава дека целосно ќе ја подржи својата ќерка ако таа одлучи да се посвети на снимање порно филмови.