За да ја потенцира важноста за носење кацига за време на јавање, студентката по ветеринарство Џорџи Грејс (19) од Ковентри, Велика Британија, се соблече гола.
Џорџи само ги остави чизмите и кацигата.
Потоа се качи својот коњ и се движеше низ улиците на изненадување на многу локални жители.
Го добила прекарот Лејси Годива – по жена од локална стара легенда која јавала гола во Ковентри.
Таа се решила на овој подвиг откако видела ваква кампања на Фејсбук организирана во Нов Зеланд.
– Мислев дека е многу интересно – лицето кое објави рече дека некои луѓе и денес возат без кацига и колку е опасно тоа. Јас ја споделив објавата на мојот профил на Фејсбук и напишав: „Ако овој пост добие над 100 лајкови и јас ќе го сторам тоа, ќе се соблечам – и така и направив. Дури и ако неколкумина го запамтат тоа, тоа ќе се исплати“, рекла таа.
Откако јавала гола во градот, таа ги објавила своите голи фотографии на Фејсбук, пренесува Дејли Меил.