Во преполната сала на НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”, годишен двочасовен концерт одржаа денс студијата ”Ултра” и ”Мак” од Куманово.
Loading...
Концертот го отворија членките на денс студиото ”Ултра” кои настпија со кореографија насловена како ”Пијано”, со која студиото освои прва награда на светското првенство кое се одржа во Полска.
[huge_it_gallery id=”63″]
Во текот на двочасовниот концерт на двете студија, јуниорите и сениорите настапија со соло и групни кореографии, со изведба на точки пропратени со џез, хип – хоп и музика за модерен балет.
Во текот на годината, и двете студија се здобија со меѓународни и домашни награди, а за следната година, членките и нивните ментори најавија уште подобри резултати.