Извештајот за починатата родилка од Куманово сепак ќе биде готов следната недела

Сподели со своите пријатели

Стручниот наод кој треба да утврди дали имало пропусти при породувањето на 31-годишната родилка од Куманово, сепак ќе биде готов следната недела.

Loading...

Иако министерот за здравство Арбен Таравари вчера најави дека извештајот ќе биде готов денеска, на денешната прес конференција рече дека се потребни осум дена да се комплетира целата документација.

Извештајот вели тој, ќе биде готов до вторник или среда следната недела.

– Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со огнено оружје се заканувал на сопственик на деловен објект

Во меѓувреме, бебето на починатата родилка, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања.

Според директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди новороденчето покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на конфузии, грчеви.

– Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.

Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Момче од Куманово загина во страотна сообраќајка

Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина.

Триесет и едногодишната кумановка почина при породување на 27ми минатиот месец, а на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во Општа болница Куманово.

Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

Никола Ивановски