13.11.2015 01:16

Изуми на Никола Тесла кои веројатно не сте ги знаеле


Никола Тесла, еден од најголемите изумители на сите времиња чија брилијантност како и кај поголемиот дел од великаните е признаена дури по неговата смрт. За себе тврдел дека не е изумител туку „откривач на работите кои постојат во природата околу нас“.

Работел во подрачјето на електро и радиотехниката па така го изумил подвижното магнетно поле и повеќефазниот систем на изменична струја.

loading...

Но, тоа скоро сите го знаат, а постојат и некои изуми за кои не сме свесни дека всушност се плод на неговото знаење и труд.

Далечинско управување

Тесла бил првиот кој демонстрирал користење на далечинско управување во 1898 година која од далечина го контролирал бродот во Медисон Сквер Гарден.

Роботи

За еден од првите роботи се смета бродот на далечинско управување на Тесла, кој и бил наречен „татко“ на роботиката.

Електричен мотор

Никола Тесла го измислил електричниот мотор во 1888 година, а моторот кој денес се наоѓа во познатиот автомобил на струја, на компанијата „Тесла“ е негов директен потомок. Во 1975 година Тесла поради овој изум е сместен во Куќата на славни изумители.

Радио

loading...

Теслиниот изум на радиото била тема за која доста долго се расправало на почетокот на 20 век. Италијанецот Маркони тврдел дека тој го измислил радиото, но всушност тој користел технологија која Тесла ја патентирал за да Италијанецот во 1901 година го изврши првото радио емитување. Врховниот суд во САД сепак заклучил дека во 1943 година Тесла првиот го измислил радиото.

Неонско осветлување

Неонските светла кои Тесла ги прикажал во 1893 година неверојатно потсетуваат на оние кои денес можеме да ги видиме во широката употреба.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments