Изречени казни при контрола на кумановските угостители

Сподели со своите пријатели

Повеќе казни биле изречени поради утврдени неправилности при контрола на четири угостителски објекти во Куманово изминатиот викенд.

Loading...

– Врз основа на претходно изготвен план, на 18.04.2025 во временски период од 19 до 24 часот, од страна на припадници на ОКП при СВР Куманово, во  рамки на РОА„ТЕМЕЛ“, а во содејство  на инспектори од ДПИ и ДИТ извршена е контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово, информираат од кумановската полиција.

Како што додаваат од полицијата, при контролата на угостителските објекти извршено е легитимирање на 11 лица, а извршен е преглед на 7 лица, од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се 14 глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се 5 глоби на 4 правни и физички лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале во центарот на градот

Никола Ивановски